|
абвгдѓежзѕијклљмнњопрстќуфхцчџш Економскиот подем на населението на Балканот од крајот на ЏВИИИ век создал можност за подигнување цркви со големи димензии со богата внатрешна декорација. Се појавиле тајфи на резбари, тајфи на иконописци, зографи и градители. Најчести биле тајфите од сите дисциплини кои ја преземале заеднички работата во една црка: градењето, зографисувањето, изработката на иконите, иконостасот, владичкиот трон, амвони и тн.
Најстар род што се занимавал со резбарство бил родот Рензовци - Зографски од село Тресонче. Силјан Рензов работел во Тракија (Едрене и Цариград). Неговите синови Јанкул и Стефан работеле во Солун, Серес и Драма. Дамјан, синот на Јанкул работел со тајфата во Солунско, Гевгелиско и Овчеполско, во Бугарија во Самоков, Пловдив и други места. Синовите на Дамјан, Андреја, Ѓорѓи, Никола и Коста работеле во Македонија, Србија, Босна и Бугарија. Најстариот Андреја Дамјанов бил прочуен градител, Ѓорѓи бил зограф и иконописец, Никола резбар а Коста бил организатор. Никола Дамјанов учествувал и во резбарската тајфа на Петре Филипович - Гарката при изработката на иконостасот во резба во цркавата Св. Богородица во Скопје, црквата Св. Никола од Штип, црквата Св. Богородица во Ново Село, Штипско. Од Галичник биле мошне познат родот Фрчковци. Најстари во родот биле Блаже и син му Негрие. Синот на Негрие, Макарие Фрчковски учествувал во изработката на иконостасот на црквата Св. Спас од Скопје и во изработката на иконостасот, владичкиот и игуменскиот трон во манастирот Св. Јован Бигорски, изработката на владичкиот трон и амвонот во црквата Св. Богородица во Скопје и иконостасот во црквата Св. Никола во Приштина. Тој изработувал и профана резба во Хамзи-пашините конаци во Сарај, Скопско, конаците во Бардовци и во Пазарџик. Од неговата тајфа произлегол и Димитар Шаренков, самостоен мајстор - резбар. Резбарската традиција ја продолжуваат неговите браќа Ѓурчин и Трајан изработувајќи иконостаси и таваници во Пловдив и околината. Синот на Макарие, Кузман Фрчковски го изработил владичкиот трон и балдахин во манастирот Св. Гаврил Лесновски и потем работел во Кочанско, Штипско, Овчеполско, Кратовско, Охридско, Струшко, а во призренската црква Св. Ѓорѓија ги изработил царските двери и владичкиот трон. Продолжил во Добруџа и Балчик изработувајќи икони кои ги потпишувал како Кузман Макриев Блаженов. Најзначајна резбарска тајфа од ЏИЏ век е на Петре Филипович - Гарката , од село Гари, дебарско. Првата негова работа во манастирот Св. Гаврило Лесновски зборува за мајстор во оформен стил. Тој е главниот мајстор на иконостасот во цркавата Св. Спас во Скопје кој се вбројува во најубавите иконостаси во Македонија во ЏИЏ век. Во изработката на овој иконостас учествувале неговиот брат Марко и Макарие Фрчковски. Резбарските работи на иконостасот, владичкиот и игуменскиот трон во манастирот Св. Јован Бигорски го завршил во 1835 година. Ремек - дело на Петре Филипович - Гарката е и иконостасот во црквата Св. Никола, Крушево кој изгорел за време на Илинденското востание. Дичо Филипов и син му Аврам од село Осој, Дебарско, работеле во тајфата на Петре Филипович и го изаработиле иконостасот на манастиот Св. Јован Бигорски. Синовите на Аврам, Васил и Филип, работеле во црквата Св. Богородица во Скопје (1836 година) која е уништена 1944 година. Двајцата браќа Васил и Филип Аврамови изработувале резба на таваници, врати, долапи во манастирски конаци и во беговски куќи во Призрен, Ѓаковица, Приштина, Скопје, Дебар, Охрид. Таваниците во резба во манастирот Св. Јован Бигорски се нивно дело, таваниците во конаците на Осман-бег, Охрид и Исмаил сарач, Дебар. Родот Станишеви, познати како Гешовци, од село Тресонче, Дебарско работеле по црквите на Пиринска Македонија. Димитар и Андон Станишеви работеле на иконостасите во црквата Св. Богородица во Скопје, во манастирот Св. Јован Бигорски, во Рилскиот манастир и др. Димитар Станишев по 30 годинша дружба со Гарката формира сопстевена тајфа. Негова сопствена работа се смета прилепската црква Св. Благовешетение и иконостасот и владичкиот трон во цркавата Св. Богородица - Каменско, Охрид, иконостасот во црквата Св. Богородица во Битола, резбарските работи во црквата Св. Илија во Радовиш како и иконостасот во црквата Св. Илија во Дојран урнат во Првата светска војна. Од селото Осој, тајфата на Мирчевци со Младен и неговиот син Деспот изработувале таваници во резба по манастирските конаци и по беговските куќи. Неговиот внук Мирче изработувал таваници во резба и внатрешна декорација на џамии. Со својата тајфа осум години работел во Тетово на Акип - пашините конаци, и на Бал - тепе на Абдурман - беговите конаци. |